ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/22 4:13 PM

Видео: Марија (екс Фрајле) промовираше нов сингл, на публиката ѝ нуди поинаков музички израз

Со секоја нова песна, откако ја стартуваше соло кариерата, кантавторката Марија Мирковиќ (екс Фрајле) потврдува дека ужива во слободата на создавање песни, која ѝ дава можност на публиката да ѝ понуди и поинаков музички израз.

– Овој сингл можеби не е во мој стил, но конечно можам да експериментирам и да пробам нешто сосема поинакво, вели Марија за новата песна „Презирем самоќу“, која ја потпишува како текстописец, додека автор на музиката и аранжманот е Бранимир Михаљевиќ.

„Презирем самоќу“ е песна во која зборува дека знае што сака, а што не, и има поразличен музички израз. –

„Иако песната стилски е поинаква од сите кои досега сум ги објавила, ми легна од прва. Има некој бит и грув кој ми е одличен. Дојдов кај Бранимир, ја пуштивме матрицата, го доработив текстот и за два часа ја снимивме песната. Не ја снимив само затоа што е модерна и за да ми донесе поголема популарност. Иако нема да се бунам и ако се случи тоа“, вели Марија низ насмевка.

Песната доби и свој видео запис снимен во Загреб.

Марија својата кантавторска кариера трпеливо ја гради нешто повеќе од една година, а огромна поддршка добива и од бендот со кој работи со години; уште како членка на Фрајле – за кои, пак, ги напиша некои од најпознатите хитови; и кој и денес е тука за неа. Откако ја напушти групата Фрајле оствари мошне успешни музички соработки, па со Алка Вуица создава позитивни и енергични песни во кои се препознаваат сите жени, соработува со тенорот Мате Гргат, а групата Камби со хитот „Заљубљен“ беше најголемо изненадување на минатогодишниот фестивал „Дора“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7