ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/22 1:20 PM

(Видео) Како виртуелно да купите билет во автобусите на ЈСП Скопје?

Од неодамна целосно функционална е мобилната апликација „Скопска“ која претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта – велат од ЈСП Скопје.

Од Јавното сообраќајно претпријатие нагласуваат дека апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем. Нуди низа поволности, меѓу кои основните за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз.

-Во изминативе неколку месеци, апликацијата ги мина сите фази на тестирање и очекуваме дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем и слично на apskopska@jsp.com.mk. Ја создадовме аликацијата водејќи се со паролата „Биди во чекор со дигиталниот свет“, а како уште една дополнителна поволност за побрзо и поквалитетно користење на услугите на јавниот превоз во градот – велат од ЈСП Скопје.

И натаму корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“, со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), а може да се купи и хартиен билет во билетарниците на ЈСП Скопје.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7