ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/22 9:00 PM

Поради симулација на секс Мадона ќе била приведена – Што содржи новиот филм на ѕвездата

Биографски филм за животот на кралицата на поп музиката, Мадона (63) е во продукција, а пејачката ќе ја игра Џулија Гарнер (28), актерката која ја препознаваат како заштитен лик на серијата Озарк.

Пејачката соработувала и во пишувањето на сценариото, а вели дека има голема желба да седне на режисерскиот стол. Мадона никогаш не се срамела да истакне колку е важна таа во поместувањето на уметничките граници. Како што вели, границите кои ги поместила на почетокот на нејзината кариера им го отвориле патот на најголемите музички ѕвезди на денешницата како Мајли Сајрус, Дуа Липа, Кети Пери…

Работата на филмот ѝ буди разни спомени, така што Мадона потсетила дека малку фалело да биде приведена поради сиимулирање мастурбација за време на својата турнеја во 1990-та година.

Полицијата ми се закани дури три пати дека ќе ме приведе додека патував низ светот пеејќи ја Like A virgin. Ватикан ги откажа сите мои настапи во Рим. Гледате како ви го трасирав патот – напиша таа покрај црно-белата снимка од нејзиниот настап.

Таа рече дека за време на настап во Торонто, добила предупредување од локалната полиција дека ризикува да биде приведена.

Нема да го менувам моето шоу – им одговорила таа тогаш на своите сорабтници.

 

Извор: 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7