ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/22 8:00 PM

Како изгледа ќерката на Џенифер Лопез откако стана „тие“ и забрани да ѝ се обраќаат со „таа“

Латино дивата Џенифер Лопез на неодамнешниот настап во Лос Анџелес откри како и се обраќа на својата ќерка, што предизвика лавина спротивставени коментари.

Додека зборуваше за Ема, која и се придружи на сцената на стадионот Доџерс, таа ја употреби родовата неутрална заменка „тие“. А потоа се пошегува:

Постојано ги повикувам да пеат со мене, но тие не сакаат. Затоа, ова е многу посебна прилика. Тие се доста зафатени, имаат работа. И тие се скапи. Ме чини кога ќе излезат на сцена – низ насмевка рече таа.

https://www.youtube.com/watch?v=fOQHTEcneMc&t=4s

Поради однесувањето и начинот на облекување на девојката, многумина сметаат дека Ема е трансродова, а Џенифер до сега не објавила ништо на оваа тема. Иако, таа ги воспитува децата по посебни правила.

Сепак, на сметка на својот изглед, Ема со години трпи бројни критики и грди коментари. Постојано и нагласуваат дека воопшто не се грижи за себе и дека изгледа многу несредено, иако има само 14 години!
Ќерката на пејачката излезе на сцената во „момчешки изглед“ – облече розова кошула и бермуди, а овој аутфит го комплетираше со црна капа.

Неколку дена подоцна, Џенифер беше фотографирана со својата миленичка на снимањето на новиот филм на нејзиниот вереник Бен Афлек, кој пред неколку месеци ја запроси на бајковит начин. Откако славната двојка ја обнови својата врска, Бен изгради прекрасен однос со децата на неговата вереница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Од друга страна, се шпекулира дека Марк Ентони, со кого Џенифер има деца и со кого се омажи само пет месеци по раскинувањето со Афлек, воопшто не е воодушевен од нејзината обновена романса со актерот.

ИЗвор: курир.рс

Фото: Инстаграм/ курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7