ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/22 9:59 AM

„Љубов е“: Бендот Ареа одбележа 30 години на сцената со нов албум

Единаесет песни сработени со љубов, кои всушност и ја афирмираат љубовта се најдоа на седмиот албум кој го промовираше култниот бенд Ареа.

Нивниот нов албум насловен „Љубов е“ според истоимената песна која е дел од него, доаѓа во период кога музичката група одбележува три децении постоење на домашната музичка сцена.

-Албумот се вика „Љубов е“. Тоа е и една песна на овој албум помеѓу сите други, а всушност и сите песни се вртат околу љубовта, сите песни на Ареа изминатите 30 години. Но по 30 години поинаку гледаме на љубовта. Сите зборуваме за љубов и не е тоа нешто  што треба да се занемари или да се претвори во некоја банална тема. Мој впечаток е дека секое суштество тежнее кон љубовта – изјави вокалистката Ружица Милошеска Брчиоска.

Таа рече дека сите песни кои се дел од новиот албум се авторски на членовите на самиот бенд.

Нека биде ова една од многуте дружби каде што ќе се сплотуваат новинарите и уметниците. Таквото единство во овие чудни времиња ни е потребно – порача Ружица во своето кусо обраќање на промоцијата.

Непосредно пред промоцијата на новиот албум, бендот го објави и видео записот за темата „Јаве или сон“ која се најде на новиот носач на звук. Видео записот е снимен под режисерската палка на Александар Ристовски во скопското село Кучково.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7