ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/22 9:12 PM

Демонстрантите од пред Влада се префрлија пред Собрание

Пред зградата на републичкото Собрание вечерва се одржува протест, кој уследи по протестните активности што се во тек и пред Владата, а преку кои се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија.

Урната е заштитната ограда, а главниот влез на Собранието е обезбеден од кордон полицајци. Кон собраниската зграда демонстрантите фрлаат јајца и шишиња.

Учесниците на протестот се упатија кон Собранието од пред владината зграда, каде исто така беше урната заштитната ограда а дел се стационираа во владиниот двор. На почетокот на протестот кон зградата на Владата исто така беа фрлани јајца, шишиња, петарди. Се скандираше „Оставка“, „Никогаш Северна само Македонија“.

Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7