ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/22 8:32 PM

(Видео) Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка, порача Ламбе од пред Влада

-Добар ден свет македонски народе. Еден поклон до земја за вашата поддршка!

Вака ги поздрави Ламбе Алабакоски демонстрантите вечерва пред Влада.

Откако ја  испеа химната и „Земјо моја“ тој рече:

-Што пишува тука? Преспански договор, бугарски договор, француски предлог! Уууу. Тоа е еднакво на фашизам. Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза дами и господа е предавничка. Затоа ова парче хартија треба денес да гори, рече Ламбе вечерва пред Влада и симболично ги запали францускиот и преспанскиот договор.

Ламбе во јавноста се појавува еден месец по инцидентот со бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“, на кој му ја потпали вратата.

Ламбе настапи со маичка на која пишуваше – не и покриен со знамето до вергина.

 

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7