ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/22 4:11 PM

Хакери ја нападнале фејсбук страницата на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект.

Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук.

-Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7