ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/22 10:59 AM

Уште девет лица приведени за дрога на фестивал во Дојран

Полицијата за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран синоќа, од 20:30 часот до изутринава 2:30 часот, извршила контрола и лишиле од слобода девет лица бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.

 

Лишени од слобода се К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, Струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога – соопштија од МВР.

Според Министерството, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во акцијата биле вклучени полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7