ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/22 8:31 AM

Ја шпионирал ќерка си, ѝ вградил камери во спална – Таткото на Бритни Спирс ќе оди на суд

Случајот со долгогодишното старателство на американската музичка ѕвезда Бритни Спирс и нејзиниот татко Џејми е во центарот на вниманието со години, а по одлуката на судот пејачката треба ги врати правата сама да одлучува за имотот и финансиите.

Но, страстите и сега не стивнуваат, а странските медиуми пренесуваат дека Бритни би можела да го тужи својот татко, со кој извесно време не комуницирала, бидејќи тој наводно тајно ја прислушувал и снимал.

Џејми Спирс беше обвинет од поранешниот агент на ФБИ Шерин Ебади за „небрежност кршење на приватноста и граѓанските слободи“ на неговата ќерка, велејќи дека ѝ поставил прислушкувач и камери во нејзината спална соба! Уредите за снимање наводно биле поставени зад креветот на пејачката, залепени со селотејп за да се избегне откривање. Исто така, уредот бил опремен со дополнителна батерија која овозможувала подолго снимање – така што секој момент што Бритни го поминувала во собата бил покриен.

Џејми ги негира овие тврдења, а во писмена изјава за медиумите негираше дека „го спровел или го овластил“ нелегалното снимање на неговата ќерка.

„Свесен сум за наводите на адвокатот на Бритни дека апарат за слушање или „бубачка“ била ставена во нејзината спална соба заради надзор за време на моето старателство над ќерка ми. Во секое време, вклучувајќи го и периодот на старателство“, напиша тој во своето писмено обраќање.
Бритни постојано зборувала за пеколот низ кој поминала во текот на годините на старателство и открила дека родителите ѝ забраниле да излегува и да се шминка и дека ја принудувале да пие контрацепција.

Таа тогаш изјави дека планира да ги тужи членовите на семејството.

 

Извор: mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7