ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/3/22 5:26 PM

Нека тргнат четири точки, јавно ќе го прифатам францускиот предлог, рече Мицкоски по средбата со Ковачевски

Ковачевски го кажа сето она што го говорат изминативе денови а за сметкана тоа јас дадов свое гледиште, рече Мицкоски по средбата со Ковачевски.

-Ниту јас ниту ВМРО ДПМНЕ овие два документи се прифатливи. Му понудив да излезе и да го одбие а јас да се повлечам од предвремени парламентарни избори. Ова не се преговории не е преговарачка рамка, ова е или да се асимилираме за да бидеме во ЕУ или никогаш да не влеземе. Предложив да се избришат членот 11 и членот 14 од Протоколот, а потоа во преговарачката рамка каде имаме принципи врз кои се водат преговорите да ги избришат членовите каде се годишните прегледи и делот каде се повикуваат на протоколот на првата меѓувладина конфенреција. Нека ги избришат ако ова обезбедува европска иднина. Нека ги тргнат овие четири точки. Нека останат Копенхагеншките критериуми како за сите земји, рече Мицкоски и додаде:
-Ова не е тоа, треба на сите граѓани да им е јасно. Споредбата со црногорскиот јазик не е исто. Македонскиот јазик е кодифициран во ЕУ. Јазикот никогаш не бил проблем. Македонски јазик со кирилично писмо стои во ЕУ, во личната карта на Обединетите нации, дециден е Мицкоски.
-Дадов предлог и да направиме чекор назад да застанеме во одбрана на македонскиот идентитет. Ги повикувам сите и Македонците, и Албанците, Турците, Србите, Ромите. Нема потреба да предизвикуваме тензии. Тоа го прават само корупираните политичари, рече Мицкоски на крај.

На новинарско прашање каков одговор добил Мицкоски рече- никаков.

-Јас зборувам дека надвор е топло а соговорникот кој е победник на Дубровачке скале во 1976 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7