ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/3/22 4:40 PM

Да ми пцуеш гроб на почината мајка не се простува, рече Пендаровски за пцовките на Апасиев

Знаев дека ќе ми ја упропастиш прес конференцијата, рече претсдателот Пендаровки за новинарско прашање по завршување на Советот за безбедност, а во врска со Фејсбук статусот на Димитар Апасиев на социјалните мрежи во кои тој го опцу претседателот.

-Тој тип минатата година јавно ја пцуеше Радмила Шекеринска и од прилика знам за каква креатура се работи, кој резон има, но навистина не верував дека може да дојде до ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е една лична болка која не можам да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години. Мислам дека беше крајно нечовечки, пцовката сама за себе, особено да ми пцуеш гроб на почината мајка, тоа е нешто што не се простува.


Таква работа, таков јавен став можеш да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во глава. Навистина мислам дека е психопат. Не е со сите што може вакви работи да постира. Изјава без преседан во современа Европа. Избран пратеник во ниеден европски парламент не пцуе  починати родители на колега политичар. Не само јас, туку секој нормален човек за починат родител не би му простил и знае што ќе добие во таква ситуација. Преку глава ми е од таквите Фејсбук патриоти, големи македонски мажиња кои не туркаат во обратна насока од демократија и од сите фундаментални вредности, рече Пендаровски.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7