ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/3/22 1:12 PM

Рики Мартин го малретирал бившиот дечко, добил забрана за приоѓање поради семејно насилство

Рики Мартин ги отфрли како „целосно лажни“ наводите за семејно насилство, откако беше издадена забрана за приогање против лице кое  на суд поради злставување.

Против пејачот е поднесена претставка според Законот 54, познат и како Закон за спречување на семејно насилство. Сепак, властите сè уште не го откриле името на апликантот
Адвокатите на пејачот тврдат дека „обвинувањата против Рики Мартин, кои доведоа до наредба за заштита на апликантот, се целосно лажни и измислени“.

– Цврсто сме убедени дека нашиот клиент Рики Мартин ќе биде целосно оправдан како невин човек кога ќе се откријат вистинските факти за сето ова.

Инаку, полицијата се обидела да му врачи забрана за приближување на Мартин во Дорадо, Порторико, на лицето кое ја поднело пријавата против него, но не успеала да го пронајде славниот пејач, изјави полицискиот портпарол Аксел Валенсија.
Без разлика, ќе се одржи рочиште на кое судијата ќе одлучи дали наредбата треба да остане на сила или да се укине. Според извештаите на медиумите, ваквите наредби во Порторико обично остануваат во сила најмалку еден месец.

Фото: ИнстаграмФото: Инстаграм

Интересно е што апликантот не се консултирал прво со полиција, како што е вообичаено, што би подразбирало да се разгледа дали има доволно докази за да се подигне обвинение, туку отишол директно на суд.

Медиумите информираат дека станува збор за неговиот бивш партнер, кој не се пожалил во полиција, туку место него тоа го направил некој друг.

Весникот Ел Воцеро пишува дека во наредбата стои дека Мартин и другата страна биле во врска седум месеци пред да раскинат – пред два месеци.

Во извештајот се наведува дел во кој тужителот тврди дека Мартин не ја прифатил разделбата и бил виден во близина на неговиот дом најмалку три пати по раскинувањето.

ИЗво: курир.рс/Б92


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7