ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/22 10:37 PM

(Вознемирувачко видео) Ајкула изеде жена пред очи на туристите во Хургада

Во Хургада, Египет, ајкула нападна жена во близина на одморалиште, одгризувајќи и ја раката и ногата.

Повредената австриска државјанка (68) во петокот кога се случил нападот веднаш била пренесена во болница, но набргу починала поради голема загуба на крв. Таа била донесена во шок, а лекарите не успеале да и го спасат животот.

Спасувачите им забраниле на другите туристи да пливаат на местото каде што се случила трагедијата.


Според официјални извори на кои се повикува Ал Арабија, жртвата е идентификувана како Елизабет Скваер, локален жител која е во брак со египетски државјанин, пренесува нова.рс
Нуркачот Раденко Чалиќ, кој моментално се наоѓа во ова познато одморалиште, вели дека несреќната жена најверојатно ја каснала тигреста ајкула.

– Бидејќи ајкулата и ги одгризала раката и ногата на жената, според степенот на повредите, можеме да претпоставиме дека се работи за мако или тигреста ајкула. Ја однеле во болница, но набрзо починала – вели Раденко за „Телеграф“.
Тој додава дека целиот инцидент се случил синоќа околу 19 часот, во време кога капењето во овој дел од морето е во голема мера забрането.

https://www.youtube.com/watch?v=pV6OwRv43Rk&t=1s

Страсниот нуркач исто така потврди дека поради инцидентот хотелите ги затвориле плажите од три до пет дена.

– Луѓето се плашат, интересот и за нуркање е намален. Туристите се плашат да влезат во водата. Најчесто ги има во плиткото и предели каде има многу туристи – вели Раденко.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7