ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/22 7:00 PM

„Се мачеше, не знаеше кај се наоѓа“ – Холивудски монструм го малтретирал Брус Вилис иако знаел дека е болен

Познатиот актер Брус Вилис неодамна објави дека боледува од афазија поради која ја изгубил способноста за зборување, а сега се појавуваат страшни тврдења за продуцент кој го експлоатирал иако знаел дека е во лоша состојба.

Рандал Емет, обвинет во обемна статија во „Лос Анџелес Тајмс“ за насилство врз жените, употреба на дрога и нудење улоги на актерки во замена за интимни врски, наводно го користел Вилис иако знаел дека актерот е во многу лоша состојба. На овој начин го довел во опасност и собрал милиони!

Пред две години на снимањето на „Полноќ во Свичграс“, Емет наводно се обидел да го натера Брус да ја шутне вратата, што актерот не успеал да го направи, дури ни со помош на координаторот за статисти. Бил целосно збунет и не знаел што да прави, а Рендал збеснал. Потоа и се јавил на својата сопруга, ријалити ѕвездата Лала Кент, и ѝ рекол дека Брус повеќе не знае кој е, каде е и не може да се сети на репликите што требало да ги каже.
Но, тоа не го спречило сè уште да потпишува договори за нови филмови со Вилис, бидејќи по тој инцидент актерот бил во уште пет продукции. Наводно, Емет го користел за да добие што е можно повеќе пари за неговата продукциска куќа, додека Вилис сè уште можел, колку што е можно, да излезе пред камерите.

Неговата асистентка Ана Шиманска за „Тајмс“ изјави дека ако на Емет му требаат повеќе пари, тој јавно ќе зборува за снимање на „уште една глупост со Брус“.

Продуцентот ги негира сите обвинувања и вели дека не знаел дека на Вилис не му е добро, иако нагласува дека се блиски пријатели повеќе од 15 години, па се поставува прашањето како е можно да не знаел дека здравјето на легендарниот акционен херој било нарушено. Адвокатите на Вилис одбија да го коментираат случајот.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7