ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/1/22 2:39 PM

Бугарија и Северна Македонија се блиску до договор, напиша Фон дер Лајен

 

Добрата вест за денеска е дека Бугарија и Република Северна Македонија, со поддршка на Франција, се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите на двете страни.

Ова, пред малку на Твитер го напиша претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во врска со новиот француски предлог за укинување на бугарското вето против почетокот на преговорите за членство на официјално Скопје во ЕУ.

Во твитот таа соопшти дека имала разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и дека Европската комисија е подготвена да го започне скрининг процесот за Македонија и Албанија, што е следниот чекор на нивниот европски пат.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7