ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/1/22 1:30 PM

Сите во Дојран, денес почува најмасовното издание на Д Фестивал

Денеска започнува најмасовното 12. издание на Д ФЕСТИВАЛ, кој ќе се
одржува од  трети јули во Дојран!

Најголемиот летен музички фестивал во Македонија, ова лето конечно ќе се одржува повторно во полн сјај и во комплетно издание со повеќе од 150 музички изведувачи, уметници и учесници во најбогатата програма досега која ќе се одвива низ вкупно 15 различни бини и зони на фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-КАМП за фестивалските посетители.
Првиот фестивалски ден програмата на фестивалот ќе ја предводат изведувачите чии
настапи се закажани на Главната бина, односно Крудер и Дорфмаистер, Џулијан Марли,
Кошин, Рундек и Екипа и Зад Аголот. Во саботната вечер пак, главната бина е резервирана за
Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и групата Филм,  Буч Кесиди, Култур шок и Чиста околина,
додека пак во финалната вечер ни пристигнуваат Зу, Констракта и Земља грува, Хладно пиво и Марки Рамон.
Втората по големина фестивалска бина на Д ФЕСТИВАЛ, Москито стејџ, годинава ја има
најсилната програма до сега во чии рамки ќе имаме прилика да уживаме во настапите на
Тамикрест, Луфтанза, Џипси грув и Неикед во петок, Габриела Чилими, Доуп куќата,
Деменси и Торзс во сабота, Пијан славеј, Дина Јашари, Оф-Граунд  ансамбл, Калата, но и
Златно славејче во недела во рамки на програмскиот концепт „Д Фамилијарен Ден“.
Посебно концертно доживување гарантира музичкиот храм на Д ФЕСТИВАЛ, односно бината
позната како Чеч стејџ која е всушност лоцирана во црквата Св. Илија во Стар Дојран.
Продуховениот амбиент на оваа локација ќе биде дополнително оплеменет со прекрасната
музиката на музичките уметници како Перија, Антоние Весковски, Драган и Ратко Даутовски и
други.
Новата македонска музичка сцена има свое посебно место на Д ФЕСТИВАЛ, а тоа е смут бината
на која годинава по рекордниот број пријавени учесници, во финалната селекција како дел од
програмата се запишуваат младите одлични групи Беседа, Занаду, Хајка, Манас, Корожн, Преку
Ред, Мамут и други.
Секако неизбежен дел од музичката програма е и електронската лејк авејк бина на Д ФЕСТИВАЛ
на која традиционално најдоцна во ноќта се испраќаат и дочекуваат фестивалските денови. На
оваа бина секој ден ќе биде посветен на различен музички правец односно првата фестивалска
вечер е резервирана за техно музиката во која под кураторство на македонскиот диџеј Флудер ќе
настапат уште и Сашо Узун, Дадо К и Мамли.

Втората вечер на Лејк Авејк е посветена на транс музиката и настапите на дел од водечките имиња на овој музички правец на домашната сцена: Џантрикс, Спирит архитект и Модуал. Последната вечер пак, за официјалното затворање на годинашниот Д Фестивал нѐ очекува епската трап журка која ја предводи американскиот музичар Смоукпурп кој ќе настапи покрај локалниот ол-стар состав: Шорти Пи и Акри Скреч, Бон Праскиза, Секси Марса, Елон, Баша, Нести, Огипсилон и Јанг Дади.
Покрај музичката програма, богатството на Д Фестивал е специјалната дополнителна програма
која се одвива во рамки на ПчоштАрт зоната, а со која овој настан е уникатен и препознатлив
како многу повеќе од само музички фестивал. ПлоштАрт е всушност креативното јадро и
мултимедијалниот простор во срцето на Д Фестивал каде што ова лето ве очекуваат повеќе од
100 уметници и учесници од здруженија и организации со исклучително богата и разновидна
програма! Слем поезија, прва психолошка помош, друштвени игри, работилници, интерактивни
квизови, е-спорт, предизвици, јога, танцување, жонглирање, плејстејшн, дебати, ракотворби,
сувенири и уште многу атрактивни содржини кои всушност ги пренесуваат и претставуваат
позитивните општествени вредности и проектите од значење пред сѐ за младите!
Во Дојран веќе одмана целосно се исполнети сместувачките капацитети за овие денови, кампот на
Д Фестивал интензивно се пополнува, градот е исполнет со прекрасни фестивалски луѓе со
најпозитивна енергина и сѐ е подготвено за најмасовното 12-то издание
Сите посетители своите влезници треба да ги заменат за задолжителните фестивалски
нараквици со кои им е овозможен влез на Фестивалот, а замената се врши на заменските
пунктови кои се наоѓаат во склоп на фестивалските билетарници.
Новина на фестивалот е ТАНТЕ картичката. Имено, годинава купувањето и плаќањето ќе биде
безготовинско и бесконтактно, а ТАНТЕ се вика Официјалната платежна картичка на Д Фестивал и
само со неа ќе можете да купите храна, пијалок, сувенир и сѐ што ќе ви се допадне во рамките на
Фестивалот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7