ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/1/22 12:04 PM

Годинашните матуранти подобри од ланските – ги положија екстерните испити со 3,78

Денеска напладне ќе се објават прелиминарните резултатит од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите – соопштија од Државниот испитен центар.

Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми. Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,6 – се наведува во соопштението.

Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7