ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/1/22 12:01 PM

МВР ќе ги брише од евиденцијата старите возила, регистарските таблички ќе ги одзема на трошок на сопственикот

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила, за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.
-Согласно пропишаните норми, сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал доколку  возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија; ако возилото се регистрира во странство поради преселба на сопственикот на возилото или од други причини. Уште еднаш упатуваме апел до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 31.12.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, согласно законската процедура, информираат од МВР.
Доколку сопственикот на возилото не го одјави своето возило, Министерството за внатрешни работи ќе го избрише од евиденцијата на регистрирани возила и ќе преземе мерки за одземање на регистарските таблички на трошок на сопственикот на возилото.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7