ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/3/22 9:14 PM

Неуредноста не можете да ја сокриете: Кои знаци ја издаваат жената која не се грижи за изгледот?

Лесно е да се забележи кога личноста води грижа за себе, а уште полесно кога не се грижи. Иако некои работи во денешно време ни помагаат да прикриеме колку се грижиме за себе, некои работи сепак се јасно видливи.

Можеме да користиме сув шампон и да ја прикриеме дека косата не сме ја измиле две недели, можеме повторно и повторно да нанесуваме дезодоранс за да не се почувствува колку дена се немаме избањато. Но тие нешта не се доволно добри за да се прикрие неуредноста.

Кога жената не води грижа за своето тело, тоа лесно се забележува, и тоа со помош на овие нешта:

Миризба

Можете да користите разни парфеми, но тоа нема да сокрие дека со денови се немате избањато. Парфемот не ја прикрива лошата миризба. Дополнително, премногу парфем на жената се смета како невкус или показател дека се обидува да камуфлира одредени непријатни миризби.

Премногу шминка

Веројатно сите барем еднаш во животот имате видено жена која има тон пудра на лицето. Нејзиното лице изгледа како кремаста торта, со премногу пудра, коректори и со што уште не. Жените кои не водат многу грижа за нега на кожата се оние кои користат премногу шминка. Со пудрата се обидуваат да ги сокријат сите недостатоци на запоставената кожа.

Нокти

Ова е најдобар начин да забележите колку жената води грижа за себе. На жените на кои хигиената и добриот изглед не им се на прво место, нема да им биде многу важно ни како им изгледаат ноктите. Поради тоа често ќе видите дека имаат испукан лак на ноктите, искрешни нокти или нокти со различни големини.

Зглобови

Нечистотијата најмногу се собира околу зглобовите, особено под зглобовите на листовите. Овие места најтешко се чистат, па според тоа можете да сфатите колку труд вложува личноста во негата на своето тело.

Чевли

Жената која држи до себе секогаш ќе се грижи чевлите да и бидат чисти и уредни. Исто така секогаш кај себе ќе има влажни марамчиња или некое средство за чистење со кои ќе ги исчисти. Но постојат и такви неуредни жени на кои воопшто не им е важно дали чевлите им се валкани, па храбро со такви чевли маршираат низ градот. Тие обично се водат од изреката: „кој ме сака, ме сака, кој не баш не ми е грижа“.

 

Извор: topsajt.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7