Речиси секојдневно сме опкружени со личности со нарцисоидно пореметување на личноста, или кажано со обичен јазик-нарциси.
Нарцисоидните личности живеат помеѓу нас. Тоа може да биде кој било, пријател, колега, момче, сопруг. Ова пореметување е почесто кај мажите отколку кај жените.
Што е нарцисоидно пореметување на личноста?
Дали знаете што е нарцисоидното пореметување на личноста? Во дијагностичката класификација на менталнипореметувања, нарцисоидното пореметување на личноста не е прикажано како посебна дијагностичка категорија, туку спаѓа во делот на пореметување на личноста од антисоцијален/психопатски тип.
Карактеристики на нарцисоидното пореметување на личноста се:
-пренагласено доживување на сопствената важност и преценување на сопствените способности кои се реално гледано сосема просечни
-преокупирање со нереални доживувања-фантазии за голем успех, сила, големина, убавнина, иделна љубов
-ниска самодоверба и самопочит кои се кријат зад конструираната иделана слика за себе
-ароганција и склоност кон понижување на другите луѓе за да се воздигне себе си
-поради чувството за посебност за оваа личност не важат ни социјалните, ниту било какви правила, туку бара и очекува посебни третмани
-мисли дека никој не го разбира освен посебните луѓе – тоа можат да бидат натпросечно ителигентни, образувани, натпросечно талентирани… бидејќи само таквите му се „рамни“
-недостаток на емпатија
-неспособност да сака и да доживува длабоки чувства-преголема чувствителност на критика, бидејќи критиката доведува до напади на т.н. „нарцисоиден бес“
-хронична зависност, нарцисите се хронично завидливи на другите на се’ и сешто, а мислат дека другите им завидуваат на нивната „убавина“, „успех“…
-хронично лажење
-склоност кон манипулирање и настојување да воспостават моќ над другите. Тие лажат, изневеруваат, ја превртуваат вистината, игнорираат, глумат повреденост, заплашуваат, се закануваат, уценуваат…
-инструментализација на сексуалноста, а тоа значи да ги сведат односите на физички контакт, без вистински емоции
-промискуитет
-брзо го менуваат расположението, имаат често чувство на здодевност и внатрешна празнина
-глад за емотивна стимулација
-во нив доминира чувство на незадоволство
-мразат и имаат голема желба за одмазда
-непреземање одговорност за своите постапки-префрлаат вина, како и сите свои лоши особини на други
-ги делат луѓето по принцип „црно-бело“ или „добри-лоши“
Иако се’ ова делува како да е текст за клиничка слика на еден нарцис, сепак е доволно да го препознаете- а и ако сметате дека не можете да го издржите сето тоа-едноставно да побегнете.
Извор: topsajt.com