ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/22 6:58 PM

Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог, повика Еди Рама

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку Твитер реагираше во врска со предлогот на француското претседателство за прашањето Бугарија-Северна Македонија.

Рама пишува дека и се дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија.

-Последниот француски предлог, кој е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!, напиша Рама.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7