ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/22 3:18 PM

Спортистите се простија од Илија Хаџи Мојсов, кој беше лек за нивните повреди

Во штипската полиција вчера (29.06.2022 година) во 14.40 часот е пријавно дека во просторија во угостителски објект на ул.„Тошо Арсов“ (кај Домот на културата), бил пронајден починат И.Х.М.(55) од Штип.

Смртта на штипјанецот беше потврдена и од СВР Штип.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Клиничката болница Штип за понатамошна постапка, соопшти СВР Штип.

Станува збор за познатиот штипски физиотерапевт Илија Хаџи Мојсов, за кого велеа дека има златни раце и помогна на многу луге.

За ММС потвдија дека не станува збор за насилна смрт, како што многумина се сомневаа, туку Хаџи Мојсов починал од масивен срцев и мозочен удар.

Штипјани денеска на социјалните мрежи се простуваат од познатиот физиотерапевт, кој целиот свој работен век го помина во служба на пациентите на Оделот  за физикална терапија на Клиничката болница во Штип.

„Почивај во мир, легендо!“; „Генерацијо моја, добар другар мој, најдобар физиотерапевт на сите генерации, почивај во мир“, „ Ах добар човечееее. Царство ти небесно, спомените уште од мали нозе остануваат во сеќавања!“, „Се сретнавме и насмеавме денес…. неверување. Многу тажно. Нека почива во мир“,  „Почивај во мир мој драг пријателе, ќе останат многу спомени од убавите моменти на соработка и дружба“, пишуваат неговите пријатели и сограѓани.

„Златните раце“ на Иле ги препознаа и спортистите и спортските клубови, кои со години го имаа во своите тимови за поддршка.

ФК Брегалница, каде Иле помина три децении како масер го памети како „човекот од магични раце“ велат дека помагал на голем број спортисти и други пациенти побрзо да ги залечат повредите.

-Бев другар со Иле. До последен ден се дружевме. Беше пријатен, секогаш насмеан и весел. Знаеше и да запее. Беше и боем. Многу болно ја примив веста дека повеќе нема да го видам мојот голем другар. Секогаш ќе се сеќавам на него, на неговите добри работи што ги правеше на сите спортисти, и не само на нив. Знаеше да помогне и по полноќ, да спаси некој човечки живот. Никогаш нема да го заборавам ова хумано момче…“ – вели Ване Хубрев, познат спортски работник за „Штипски асови“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7