ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/6/22 9:00 PM

Сакате да бидете Џеј Ло? Вежбата „Супермен“ благотворна за задниот дел на телото

Вежбата „Супермен“ нуди многу придобивки за задниот дел на телото и игра клучна улога во спречувањето од повреди и болки.

Според стручњаците и познавачите, изведувањето на вежбата вклучува легнување на подот со испружени раце над главата, потоа наизменично кревање на нозете и рацете – поза што изгледа како да летате како познатиот суперхерој… За правилно извршување на вежбата „Супермен“, се вклучуваат грбот, задникот и јадрото на телото. Соодветно на тоа, се зајакнуваат делови на задниот дел од самото тело.

Редовното вакво вежбање може да спречи повреди и болки во долниот дел на грбот. Вежбата, исто така, може да помогне и во стоењето исправено, ја подобрува подвижноста на дијафрагмата, а со тоа – и дишењето.

Без разлика дали е почетник кој сака да ја усоврши својата форма или комплетен професионалец кој сака да оди на следното ниво, човек може и соодветно да си ја прилагоди и подобри вежбата.

Фото: mogujatosama.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7