ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/22 9:06 AM

Сакала да направи селфи, па паднала во провалија – Несреќа на туристка на црногорското приморје

Англиска туристка е повредена крај Бар кога паднала од висина од околу осум метри додека се обидувала да направи селфи.
Несреќата се случила на Паштровачка гора, на кривината од Вирпазар кон Петровац, јавува порталот Приморски.

Повредената жена од провалија ја извадиле припадници на Службата за заштита и спасување од Бар.
Службата за заштита и спасување соопшти дека жената имала среќа, бидејќи теренот бил карпест и стрмен, а таа паднала од висина од околу осум метри.
На жената и била укажана итна медицинска помош на лице место, по што била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7