ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/22 2:20 PM

РКЕ: Зголемена цена на струјата од 7,4 отсто за 98,8 отсто од домаќинствата

Регулаторната комисија за енергетика го објави зголемувањето на цените на електричната енергија за домаќинствата и направи пресметка според новововедените блок тарифи.

Според РКЕ  најголем дел од домаќинствата или 98,8 отсто добиваат сметки со зголемена цена за 7,4 отсто. Доколку не постоеја овие блок тарифи, просечната цена на сите домаќинства би се зголемила за 17,74 отсто.

По блокови:

Првиот блок е со зголемување за 5,5 отсто, вториот блок со зголемување за 10,3 отсто, третиот блок со зголемување за 18,3 отсто, додека четвртиот блок со зголемување за 138,7 отсто. Цената на електричната енергија во евтина тарифа се зголемува за 8,69 отсто.

Во просек цената за домаќинствата е зголемена за 7,4%

Конкретно како би се одразила на сметките во зимските и летните месеци:

Зимски месеци: за 59,9% на домаќинствата  ќе имаат 6,6% повисоки сметки;

За 35,5% од домаќинствата  се со зголемување од 6,7 – 8,8%;

За 3,4 %  од домаќинствата  се со зголемување од 8% до 11, 2%

За 1,2% покачување од 11,4% до тие со екстремна потрошувачка до 99,5%.

За сметките во лето за 77,7  од домаќинствата зголемувањето е 7%.

За 21,8% од домаќинствата  се со зголемување 6,7 – 8,8%.

Само за 0,7% од домаќинствата се со зголемување од 8,8 до 11,3%.

И за 0,2% покачување од 11,4 – 100%.

-За останатите што не се домаќинства цената е околу 200 евра за мегават час, што е за 60% пониско од цената на слободниот пазар. Тоа е тоа што може да го обезбеди оваа држава, рече Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Индустриските потрошувачи добиваат корекција на износот на моќност.

Најголема промена има кај цената за моќност кои до сега плаќаа по 1300 дена, сега ќе плажа 160 денари. Потрошувачите со 10 киловат часови, кои плаќаат 1050 денари, сега 330 денари. Останатите потрошувачи од прв тарифен степен наместо 1000 денари, сега ќе плаќаат 560 денари.

За прв пат кај јавното осветлување се воведува и евтина тарифа, исто како и кај потрошувачите од втор тарифен систем.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7