ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/22 1:57 PM

До полноќ се гаснеше пожарот во кочанско во кој гореа објекти, шума и сто сандаци пчели

Синоќа голем пожар помогнат од силниот ветер зафати нискостеблеста шума во атарот на селото Бурилчево, Општина Чешиново – Облешево. Огнот причини голема материјална штета на повеќе имоти, а целосно изгоре и пчеларник со сто челни семејства и помошен објект. Сопственикот Дарко Јанакиев вели дека штетата е над 20.000 евра.

Осум противпожарни возила од Кочани, Штип и Виница го гасеа пожарот, а се вклучија и 12 волонтери од Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Жителите на Бурилчево, кои се нашле во моментот на избивањето на пожарот сведочат дека виделе искричење од жиците за струја, кои од силниот ветер се споиле и го предизвикале пожарот.

 

фото: ФБ, ДПД Кочани


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7