ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/22 1:21 PM

Расте бројот на заразени со ковид: Надлежните нè потсетија да миеме раце

Бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела е зголемен за 65 проценти, но истовремено нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи, констатира на денешниот состанок Комисијата за заразни болести.

Ова денеска го соопштија од Министерството за здравство од каде велат дека согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од ковид во соседните држави и светот, Комисијата потсетува на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Дополнително, од Комисијата препорачуваат граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки –  се вели во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7