ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/22 12:38 PM

Доста трпевме глорификација на фашизмот од Бугарија – да се протера бугарскиот амбасадор бара Левица

Партијата Левица реагира на како што наведува „бројните понижувања на македонскиот народ и држава“, кога највисоките претставници на неколку земји од Европската унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа ‘северномакедонски’.

Од друга страна, како што наведува Левица, Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија” и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја.

-За ре актуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ, или пак т.н. стратешки партнери од НАТО. Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив и заради тоа Левица:

1. Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија;

2. Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира;

3. Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН;

4. Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски”,

5. Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците, реагираат од Левица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7