ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/22 6:00 PM

Куќа како превртен контејнер ама е брутално убава

Во Исланд е изграден нов и, според многумина – неверојатен станбен проект, во облик на превртен контејнер. Куќата наречена „Бруталист хаус“ има два ката и површина од 750 квадратни метри.
На приземјето има дневна соба, бања, трпезарија и кујна. Креативноста во дизајнот е очигледна на терасата, што нуди фантастичен поглед, посебно во раните утрински часови… Последно, но не и најмалку важно, третиот кат содржи фасцинантна главна спална соба и посебна врата зад којашто може да се скокне во спектакуларен панорамски базен во топлите летни денови, што го прави непроценливо место за престој и одмор.
Од основањето на компанијата „Ел-вај-екс аркитект“, таа е своевиден пионер во областа на архитектурата работејќи големи проекти во различни концепти, почнувајќи од висок стил и дизајн, движејќи се кон исламската архитектура во декорацијата комбинирајќи ја со модерен дизајн – со цел уметничка целина.

Новиот концепт денес се оценува како дел од тн. „брутализам“ создаден од инженерот Ле Корбизје во 1952 година.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7