ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/22 8:00 PM

„Татко ми сексуално ме злоставуваше 15 години, не можам да гледам како го фалат“: Ќерката на Клаус Кински со шокантно сведоштво

Пола, ќерката на познатиот актер Клаус Кински, е родена во 1952 година во Берлин. Таа се занимава и со глума, а во брак е со адвокатот Волфганг Хепнер, со кој има три деца.

Пола во 2013 година објави книга во која целосно искрено го опиша односот со својот татко. При тоа, таа откри шокантни детали, за кои мајката на актерката изјави дека не ги забележувала. Најстарата ќерка на актерската легенда признала дека нејзиниот татко почнал сексуално да ја злоставува кога имала пет години, а тоа траело цела деценија ипол.

„Тој почна да ме допира и да ме бакнува кога бев многу мала, имав пет или шест години“, изјавила Пола.

Меѓутоа, отежнувачко во ваквото тврдење е тоа што Клаус почина во 1991-та година како последица на срцев удар, така што другата страна на приказната не може да се слушне. Сепак, Пола нагласува дека сите овие години живеела во страв дека никој нема да ѝ верува, но конечно дошол моментот за да се зборува за се.

„Како дете го држев јазикот за заби бидејќи се плашев. Бев зависна од него и од неговото внимание. Ме јадеше чувството на вината. Имав чувство дека сум го издала или разочарала, многу плачев тогаш. Вечно бев растргната меѓу поривот за да удоволам или да го одбијам“, вели актерката.

Таа тврди дека со години трпела насилство, како сексуално, така и физичко, додека вербалните навреди биле секојдневие. Сепак, нејзиниот татко и велел дека таквото однесување е сосема нормално, бидејќи татковците ширум светот им го прават истото на своите ќерки.

„Напишав книга бидејќи веќе не можам да гледам како го фалат, морав да реагирам. Таа не можела да го поднесе тоа што нејзиниот татко го сметаат за актерски гениј, па поради тоа сакала да објасни како стојат работите.  Никогаш не можев да ги гледам филмовите во кои мојот татко глумеше криминалец. Си помислував дека тој е таков е приватно“, додала Пола.

Актерката нагласила дека имала поддршка и од својата полусестра Настасја, иако никогаш немале близок однос. Таа открила дека актерот се обидел и неа да ја злоставува. Настасја негирала дека била жртва, но признала дека ја малтретирал на други начини. Еднаш пробал да ја нападне и сексуално, но не успеал. Пола го прекинала секој контакт со татка си на 19 години, но како што вели, кога умрел не почувствувала ништо.

 

Извор: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7