ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/22 7:00 PM

„Не ги сфаќам жените кои работат од девет до пет“: Троши илјадници евра дневно, а живее како паразит на грбот на родителите

Девојка која живее на сметка на своите родители признава дека буквално ништо не сака да прави сама и за се им плаќа на другите. Тврди дека веќе ѝ е „доволно тешка работата да изгледа вака добро“.

Рома Абдеселам е девојка која на ТикТок ја следат повеќе од 600.000 луѓе, со кои таа редовно споделува снимки од својот живот. Оваа девојка е невработена, но е дете на богати родители, така што нејзината „работа“ е само да ужива и да троши пари. Со своите снимки и изјави, таа ги освојува и симпатиите, но и критиките на луѓето.

Оваа девојка тврди дека воопшто не е лесно да се биде невработен, односно дека тоа што таа се грижи за себе како жена всушност е доволна работа.

„Да се грижиш за себе како за жена, па тоа е веќе работа. Немам поим како жените работат од девет до пет и потоа постигнуваат да направат било што, па мене ова веќе ми е работа од девет до пет“, вели таа.

Рома живее во Њујорк и тврди дека иако не е вработена, нема воопшто слободно време.

„Сакам да го почнам денот со шолја кафе, но мразам да го правам, па едноставно нарачувам кафе. Потоа обично тренирам“, вели оваа девојка за почетокот на својот ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stay At Home Daughter (@therealsahd)

По тренингот оди во фризерски салон, додека попладнето го поминува во шопинг по ручекот со пријателите, а секој ден руча во 13 часот.

„Потоа, ако имам време, одам на уште еден тренинг, а потоа имам доволно време за да се подготвам за вечерно излегување со пријателите“, вели Рома.

Девојката признава дека целиот луксуз во кој ужива го финансираат нејзините родители и отворено вели дека не сака ни да мрдне со прст, дури и за наједноставните работи, ако може некому да му плати да ги направи наместо неа.

„Мразам сама да ја мијам косата, па едноставно плаќам за тоа. Мразам да правам било што, не знам  како да ја измијам сама, па некој друг тоа го прави место мене“, признава оваа девојка. Најмногу пари таа троши на облека – гардеробата која ја поседува вреди околу1,8 милиони евра, а годишно на „крпички“ троши околу 290.000 евра. На шопинг оди четири пати неделно, а најмногу за еден шопинг потрошила 46.000 евра. Признава дека својата облека ја носи еднаш или најмногу два пати, а потоа ја донира за да не ѝ зазема место. Покрај облеката, Рома секој месец троши пари на ботокс и средување на веѓите, како и бројни дерматолошки третмани и масажи. Патува околу десет пати годишно, но вели дека е најсреќна кога е дома, додека нејзините родители се надеваат дека наскоро таа ќе почне да заработува за себе.

„Семејството ме притиска да најдам работа и да се омажам бидејќи не сакаат да зависам од нив финансиски“, искрена е Рома.

Всушност, таа почнала да заработува преку ТикТок, а снимките на кои го прикажува својот луксузен стил на живот ѝ носат приход од околу 23.000 евра месечно.

Сепак, таа добива и смртни закани од луѓе на кои не им се допаѓа. Вели дека тоа не ја допира многу и дека најмногу сака да ги задева луѓето кои ја напаѓаат и тврди дека на крајот дури и ѝ се извинуваат бидејќи воопшто не очекуваат да им одговори.

Извор: мондо.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7