ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/22 7:05 AM

Македонскиот борач Нуров освои злато на Медитаранските игри во Алжир

Македонскиот борач Магомегаџи Нуров го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој вчера по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со 4:3.

Извонредниот Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди победата и златниот медал.

Неколку часа претходно, бронзен медал освои и македонскиот борач Владимир Егоров.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7