ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/28/22 9:12 PM

Ердоган попушти, Шведска и Финска одат во НАТО

Турција го поддржа приемот на Шведска и Финска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Ниинисто. Во меѓувреме и НАТО го потврди истото.

Министрите за надворешни работи на трите земји потпишаа меморандум за проширување на НАТО. „Постигнат е трипартитен договор“, соопшти НАТО, а пренесува indeks.hr.

МИА

Наскоро се очекува обраќање на неговиот шеф Јенс Столтенберг.
Одлуката доаѓа непосредно пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид. Да потсетиме, турскиот претседател Таип Ердоган беше против влезот на овие две земји во НАТО, постојано обвинувајќи ги дека се рај за терористите. Тој мислеше на курдските политички актери кои дејствуваат таму.

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО по руската инвазија на Украина.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7