ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/28/22 3:28 PM

Семафорите во штипски Сењак уште недела – две ќе трепкаат жолто

Иако минатата недела беше означено завршување на работите на реконструкцијата на крстосницата во населбата Сењак во Штип, семафорите продолжија да работат со збунувачкото жолто светло. Тоа не се промени ни во текот на викендот и почетокот на оваа работна недела.

До редакцијата на ММС стигнаа реакции од возачите на оваа фреквентна сообраќајница, со прашање кога ќе профункционираат семафорите кога веќе официјално беше отворена за сообраќај.

Од Општината Штип објаснуваат дека се’ додека не се направи техничкиот прием, семафорите нема да бидат ставени во употреба. Тоа значи дека возачите и пешаците ќе треба да се придржуваат на поставените сообраќајни значи, кои патем, покажуваат различен режим од досегашниот.

-Треба да следи технички прием на градежните работи на крстосницата, по што тече рокот од 14 дена за воведување на траен режим на сообраќај. Во меѓувреме, семафорите остануваат предупредувачкото жолто светло, објаснија од Општина Штип.

Сообраќајната полиција веќе издала решение за траен режим, но се’ додека не каже надзорот и не биде направен техничкиот прием, крстосницата ќе функционира, но со потребното дополнително внимание кај граѓаните кои ја користат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7