ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/28/22 7:00 PM

(Видео) Не се враќам во „Пиратите…“ ни за 300 милиони долари и милион алпаки, рече Џони Деп ама Дизни нуди 301 милион долари?!

Холивудскиот актер Џони Деп неодамна на суд ја победи бившата сопруга Амер Херд, која тврдеше дека била малтретирана и силувана во брак.

Поротата и целата јавност што го следеше судењето застана на страната на Џони, а сега наводно студиото Дизни го стори истото… кое го отпушти од франшизата „Пиратите од Карибите“ пред неколку години.
Филмското студио одлучило да го отпушти главниот актер, по што Деп изјавил дека е разочаран и повреден, како и дека „нема да се врати кај Пиратите ниту за 300 милиони долари и милион алпаки“.
Оваа изјава ја повтори и на неодамнешното судење, во знак на протест што челниците на студијата, со кои со години соработуваше и помагаше со сценарија за филмови кои заработија милијарди долари, не му поверуваа кога тврдеше дека Амбер лаже .

Сега кога на суд е докажано дека е невин, студиото планира да го врати во „Пиратите“.
Поради изјавата „ни за 300 милиони долари“, Дизни наводно решил да му понуди 301 милион долари за две продолженија и серија на каналот Дизни плус.

Неименуван извор од студиото, кој за американските медиуми ги открил наводните планови на Дизни, додава дека челниците на студиото се надеваат дека актерот ќе се премисли кога ќе ја слушне оваа бројка, но и ќе прости и ќе ја продолжи соработката.

Погледнете го моментот кога Џони потврдува „ни за 300 милиони долари и милион алпаки“:

Извор: мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7