ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/28/22 2:34 PM

Русија ќе прекине за еден ден, само ако Украина капитулира, рече Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе ја прекине офанзивата во Украина кога украинските власти и армијата ќе капитулираат.

-Украинската страна може да го прекине конфликтот за само еден ден. Треба да им нареди на националистичките единици да го положат оружјето, да им нареди на украинските војници да го положат оружјето и да ги спроведат сите услови дадени од Русија. Тогаш сè ќе биде готово за еден ден, изјави Песков.

Тој додаде дека Русија не поставила никаков фиксен рок или датум и дека се ориентира според изјавите на нејзиниот претседател.

Песков увери дека „специјалната воена операција“, како што Русите го нарекуваат нападот врз Украина, се одвива според планот.

Тој реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред лидерите на Г7, кога ги повика да дадат се од себе до пред крајот на годината да стават крај на конфликтот што ја распаѓа неговата земја.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7