ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/28/22 10:41 AM

Легализацијата на марихуаната ја зголеми нејзината употреба – познатото ни го потврди и извештајот на UNODC

Канабисот останува убедливо најкористена дрога во светот. Бројот на луѓе кои користат канабис се зголеми за 23 отсто во текот на изминатата деценија. Се проценува дека 209 милиони луѓе користеле канабис во 2020 година, што претставува 4 отсто од вкупното светско население. Употребата останува највисока во Северна Америка, каде што марихуаната ја користи 16,6 отсто од населението. Канабисот останува главната дрога која ја бара мнозинството луѓе на лекување во Африка, покажа годишниот извештај за употреба на дрога во светот, објавен од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC).

Периодите на карантин за време на КОВИД-19 пандемијата доведе до зголемување на употребата на канабис, во однос на 2020 година. Околу 40 отсто од земјите го пријавија канабисот како дрога поврзана со најголем број на нарушувања на употребата на дрога и 33 проценти го пријавиле како главен извор за загриженост за оние кои се лекуваат од дрога.

Заплените на канабис се зголемени на рекордно високо ниво во 2020 година. Одгледувањето на канабисот во затворен простор е значително поголемо од одгледувањето на канабис на отворено (помеѓу 16 и 100 пати повисоко), најмногу поради разликите во потрошувачка на енергија.

Во извештајот се наведува дека канабисот се произведува нелегално во секој регион во светот. Одгледувањето на канабис било пријавено преку директни показатели (како што се одгледување или уништување растенија, или уништување на засадени полиња) или индиректни индикатори (заплени на растенија, извештаи за потеклото на запленетиот канабис) од најмалку 154 земји за периодот 2010- 2020 година. Во однос на нашиот регион, е наведено дека нема достапни податоци за Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово.

Кокаинот и екстази доминираат во употребата

Во извештајот се наведува дека 61 милион луѓе користеле видови на синтетички дроги наречени „опиоиди“, а 34 милиони користеле амфетамини. Околу 20 милиони луѓе користеле екстази, а 21 милион кокаин.

Во извештајот се наведени и здравствени проблеми предизвикани од употреба на дрога.

Се наведува дека во 2020 година 11,2 милиони луѓе инјектирале дрога и дека меѓу нив 1,4 милиони се заразени со ХИВ, 1,2 милиони се со ХИВ и хепатитис Ц, а 5,5 милиони се заболени од хепатитис Ц.

Посочено е дека ХИВ инфекцијата кај луѓето кои користат или инјектираат дроги е дури 35 пати поголема отколку кај останатата популација. Во периодот од 2009 до 2019 година бројот на умрените лица поради зависност од дрога е зголемен за 17,5 отсто. Во 2019 година, 494.000 луѓе починале како последица на наркотици.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7