ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/22 7:00 PM

Рупер Мардок (91) по СМС и кажал на Џери Хол(65) дека ќе се разведат, не можел да поднесе дека пушела цигари

Медиумскиот магнат Руперт Мардок (91) и неговата сопруга, актерка и поранешен модел Џери Хол (65)  oткако објавија дека се разведуваат, почнаа да кружат приказни за можните причини за раскинувањето.
Мардок никогаш не ја поддржал навиката за пушење на неговата сопруга. Често можеше да се види во јавноста дека Руперт се оддалечува од сопругата во моментот кога таа пали цигара. Очигледно ова е причината поради која парот се разведува.

– Пушам, пијам, сакам вино, сакам да се сончам, пијам кафе. Правам различни работи што не треба да ги правам“, изјави Џери за Good Housekeeping во 2014 година.
Близок пријател на поранешната двојка открил повеќе детали за нив.

– За 91-годишен старец, Руперт е во одлична форма, но ниту тој не може да ги сопре своите години. Носи меки чевли и не сака долго да стои и е опседнат со своето здравје. Покрај тоа, неговиот слух станува се послаб – изјавил пријател за Дејли Мејл.
– Џери е многу помлада и се уште сака да оди на забави и на плажа и сака да се забавува. Не е ја интересира да се биде медиумска гејша или корпоративна сопруга – додаде тој.
Сепак, иако се зборуваше дека таа го оставила, сепак, приказната е сосема поинаква, односно манекенката е таа што е оставена поради најбанална причина.

Освен тоа Мардок ја понижи со тоа што не и ја соопшти веста за разводот лично, туку преку СМС порака, а поранешната манекенка остана шокирана од ненадејниот крај на врската.

Пријателите на славниот пар открија дека овие приказни се сосема во спротивност со теориите на Твитер каде многумина се на мислење дека манекенката е таа што кажала „збогум“, меѓутоа, тие се целосно во склад со она што го кажал еден од поранешните соработници – дека не треба да биде во врска со Руперт Мардок бидејќи во миг се врти против љубовниците и ги отфрла.

Двојката последен пат беше видена заедно во август 2021 година, кога беа фотографирани како влегуваат во ресторанот одвоено, но заедно заминаа во истиот автомобил. Тие се венчаа во 2016 година на интимна церемонија во Лондон, по 5 месеци врска. Тоа беше четврти брак на Мардок, а за Хол тоа беше нејзиниот прв официјален брак, откако имаше 22 години со пејачот Мик Џегер (78), за кој никогаш официјално не се омажи.

Извор: 23.хр/курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7