ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/22 2:55 PM

“Детска Насмевка за овој Свет” – хуманитарен настан на денот кога Тоше Проески го одржа првиот стадион на градски

“Детска Насмевка за овој Свет” – хуманитарен настан во чест на животот и делото на Тоше Проески, кој ќе се одржи во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево на 29ти јуни.

Тоа е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем.

Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија.

Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со спомен киќата на Тоше Проески. Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески. Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија. Ве покануваме и очекуваме да ни се придружите на оваа незаборавна ноќ, славејќи и уживајќи во духот и музиката на Тоше и неговата љубов према децата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7