ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/22 2:03 PM

Бен Афлек му дал на синот (10) да вози „ламбурџини“, па удрил во БМВ

Десетгодишниот син на познатиот актер Бен Афлек, Семјуел, деновиве деновиве му зададе главоболка.

Момчето иако има само 10 години се обидело да го вози ламборџинито на татко му кога удрило во БМВ кое било паркирано зад него.

Семјуел отишол со својот татко и неговата свршеница Џенифер Лопез да купи луксузни автомобили, а во еден момент Афлек му дозволил на детето да седне на возачкото седиште додека моторот на неговото жолто Ламборџини бил вклучен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Момчето потоа во еден момент тргнало во рикверц, а автомобилот потоа го допрел предниот дел на белото БМВ кое било паркирано зад него. Семјуел беше на возачкото место со отворена врата, додека неговиот татко Афлек беше помеѓу вратата и возачкото седиште, а Лопез седеше зад Семјуел на страната на возачот. По ударот со другото возило, Афлек отишол да види што точно се случило, а од автомобилот излегол и неговиот син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Кога утврдиле дека штетата не е страшна, актерот го гушнал синот, додека Џенифер го држела за рака и тие си заминале. Портпаролот на познатиот актер за ТМЗ изјави дека нема штета, и дека двете страни се задоволни и дека нема никакви проблеми.

Семјуел е најмалото дете на Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, а заедно  уште имаат две ќерки – тринаесетгодишната Серафина и шеснаесетгодишната Вајолет.

Извор: курир.рс

Фото: Инстаграм/pagesix


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7