ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/22 12:40 PM

(Вознемирувачко видео) Трибината се сруши и ги потрупа луѓето, а бикот побегна во град – Хаос на стадион во Колумбија

Најмалку четири лица ги загубија животите, а десетици се повредени при уривање на трибината за време на борба со бикови во централна Колумбија.

На снимката која се појави на интернет се гледа моментот кога се урива трибината на стадионот во Ел Еспинал.

Токму во моментот кога дел од публиката влезе во биковската арена, работата излезе од контрола.
Новоизбраниот претседател Густаво Петро ги повика локалните власти да забранат вакви настани.
„Го повикувам градоначалникот да не дозволи продолжување на настаните во кои гинат луѓе или животни. Ова не е прв пат да се случи ваква несреќа“, рече Петро.


„Меѓу загинатите на трибините има две жени, маж и дете, додека 30 лица се повредени“, изјави гувернерот на Толим, Јос Рикардо Орозо.

Се стравува дека бројот на загинати би можел да биде поголем.

По несреќата, бикот избегал од стадионот, што предизвика дополнителна паника во градот.

Локалниот советник Иван Рохас рече дека градската болница и брзата помош немаат доволно капацитет за толку многу повредени.
„Многу луѓе се уште немаат добиено медицинска помош. Ги повикуваме соседните болници да дојдат и да помогнат“, рече Рохас.

Како дел од свеченостите на популарниот фестивал Сан Педро беа организирани настани за борба со бикови.

Гувернерот Орозко рече дека регионалните власти ќе преземат се што е во нивна моќ за да ги забранат коралеите, манифестација која е опасна за животните и во која се третираат сурово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7