ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/22 11:59 AM

„Последното танго“, нов албум на Влатко Илиевски

На 2 јули, во чест на 37. роденден на Влатко Илиевски ќе се одржи промоција на негов нов албум од досега необјавени песни, кој го носи името „Последно танго.

Ова е втор постхумен албум, по компилација со најголемите хитови, насловена како „За љубов се пее до крај“. .

Промоцијата е закажана на пладне во ресторанот на ФК Работнички, во Градски парк, а е замислена како весел настан на кој ќе се соберат неговите пријатели, роднини, соработници, фанови.

-Албумот содржи колекција од 14 песни, потпишани од Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача, кој со Влатко го сними хитот на „Дивље јагоде“ – „ Не желиш крај“.
Ќе има и досега необјавени песни, од кои половина се сосема нови.  Љубителите на неговата песна ќе можат да ги слушнат „Дајте му ја“, исполнета на „Охрид-фест“ 2017-та, „Не постојам без тебе“, „Кој ли е ден“, „Со тебе најдов среќа“, „Се ќе покрие прашина“, „Вило вилена“, „Македонка“, „Комшивке убава“, „Љубов“ , „Последно танго“, „Не желиш крај“, и „Сети се“ и „Божикна песна“, снимени со хорот „Златно Славејче“, велат блиски на Влатко, кои се дел од овој проект.
На албумот ќе се најде и првата песна на Влатко, која ја уште како осмооделенец – „Together Again“.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7