Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја почнува одбраната на пехарот на Вимблдон, а доброто расположение има со своите најблиски, чија поддршка ќе ја има во живо на текот на третата гренд слем сезона.
Колку е таа добра за Новак се гледа најдобро на снимката која тој ја објави на социјалните мрежи. Во дворот на куќата која ја има изнајмено во Лондон, Ѓоковиќ реши да намести трамболина за синот Стефан заедно со тренерот Горан Иванишевиќ, фитнес тренерот Марко Паники.
Работата не им одеше од рака, па Ноле се насмеа на коментарот од Стефан: „Како не знаете да составите трамболина, а играте на Вимблдон“?
View this post on Instagram
На крајот работата сепак беше успешно завршена, а на коментарот на Стефан се насмеаја и милионите корисници кои го следат Ѓоковиќ на Инстаграм.
Инаку, мечот од првото коло тој го игра денес од 14.30 часот.
Извор: espreso.co.rs