ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/22 9:00 AM

„Украина никогаш не ни била опција“ – НАТО ја затвори вратата за Киев

НАТО го покани украинскиот претседател, Володимир Зеленски да учествува на претстојниот самит во Мадрид, но тоа не значи дека блокот планира да го покани Киев да се приклучи на неговите редови во блиска иднина, изјави во неделата за Ел Паис шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарез.

„Нема да стане збор за покана на Украина во НАТО“, рече министерот на прашањето дали воениот блок ќе ја држи отворена вратата за Киев подоцна да се приклучи. „Тоа никогаш не беше опција, ниту е сега“, додаде тој.

Русија го наведе проширувањето на НАТО на исток како една од причините за отпочнување на офанзива врз Украина во февруари. Кремљ побара Украина официјално да биде прогласена за неутрална земја која никогаш нема да се приклучи на воениот блок на НАТО предводен од САД.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7