ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/22 8:00 PM

(Видео) Сакав да ги зголемам усните, но доживеав пекол: Искуство на девојка поради кое сите ѝ се смееле

Англичанката Черис Еванс (22) решила да да го проба актуелниот тренд на пополнување на усните со филери, а ја тоа чинело 105 евра. Како резултат на оваа процедура, добила усни кои изгледале четири пати поголеми од она што требало да бидат.

„Дури и докторите се смееја на моите усни. Разбирам дека по ваква интервенција може да се јави оток, но ова беше претерано. Отидов кај мајка ми и кога таа ме виде ми рече дека лицето ми е уништено“, се пожалила младата жена, пренесува Daily Mail.

Со оглед на тоа дека нејзините усни не престанале да растат, таа решила да отиде до најблискиот здравствен дом во два часот по полноќ каде ѝ дале лекови против алергија.

„Очигледно бев алергична на некоја од состојките со кои ми ги полнеа усните. Кога влегов кај докторот и тој почна да се смее. Чувствував дека усните толку ми растат што би можеле да пукнат. За среќа, се носеа маски поради пандемијата, така што својата јас речиси никогаш не ја тргнав“, се сеќава Черис.

@charisevans99

If i dont laugh ill cry #viral #fishlips #nationalpapers

♬ Oh No – Kreepa

Една недела по интервенцијата и лековите против алергија, усните почнале да се намалуваат.

„Морав да снимавам што јадам, затоа што ако јадев зачинета храна, усните почнуваа повторно да се зголемуваат“, додала таа.

Черис има и две деца и се заколнала дека никогаш повеќе нема да направи никаква естетска интервенција, ниту пак ќе им дозволи такво нешто на своите деца.

„Можам само да замислам како ѝ е на мајка ми со мене. На мојата ќерка Софија никогаш не би ѝ дозволила да го направи она што го направив, тоа е лудо! За многумина сето ова беше смешно, додека баба ми, целосно ме обвини мене“, изјавила младата мајка.

Таа нагласила дека болките во усните се’ уште не престануваат.

„Би им порачала на сите девојки добро да размислат пред да стават филери во усните. Јас го направив тоа бидејќи беше тренд во тоа време и многу млади девојки тоа го направија, но болката и траумата не се вредни за такво нешто“, заклучила таа.

 

Извор:  srecna.republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7