ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/28/22 6:00 PM

(Видео) Мајка ја шокираше јавноста, откако ја откри причината поради која дозволува детето да спие со неа

Многу деца доаѓаат да спијат со своите родители, чувствувајќи се посигурно, а неретко се случува да сонуваат нешто па потоа да сакаат остатокот од ноќта да го поминат во креветот на родителите.

Една мајка неодамна ја шокираше јавноста, откако објави видео на ТикТок во кое даде објаснување зошто ѝ дозволува на својата двегодишна ќерка за спие со неа. Како што таа објаснува во виралното видео, една ноќ нејзината ќерка се разбудила плачејќи. Девојчето неколку пати имало стравови во текот на ноќта, па мајката одлучила тоа да спие со неа и со сопругот.

Сакајќи по извесно време да ја врати во нејзината соба, таа се обидувала да ја наговори ќерка си да си играат таму и да се забавуваат.

Ајде да се дружиме во твојата соба, да се забавуваме и да направиме од неа забавно место, ѝ велев“ – објаснува жената во снимката.

Девојчето упорно одбивало да прифати, а откако мајката ја прашала зошто одбива да спие во својата соба, добила шокантен одговор.

„Мамо, таму постојано доаѓа некој. Изгледа како тебе, но не си ти“, рекло девојчето.

Во својата приказна таа ѝ рекла на мајка ѝ дека некој како неа постојано доаѓа и ја вика во плакарот. Запрепастената жена објаснила дека никогаш такво нешто не побарала од девојчето, освен да земе некои работи од плакарот кога ѝ биле потребни.

Видеото има над 4 милиони прегледи, а луѓето во коментарите откриваат дека се зачудени.

@not.cristinayang

Reply to @vcarw77 this is why she sleeps in my bed #creepy #paranormal

♬ original sound – Not it

Според многумина, страшните филмови значително може да влијаат на децата. Иако мајката рекла дека во плакарот нема место за да застане кој било, таа решила да стави камера за да утврди што е причината, но останала  без објаснување.

„Истото ми се случи кога бев дете. Мајка ми мислеше дека мојата соба е проколната, кога пораснав сфатив дека имам халуцинации“, се вели во еден од коментарите. Дел од корисниците на ТикТок ја советуваат жената да викне свештеник, други пак, дека само треба да го однесе детето на специјалист за спиење.

Девојчето гледа некои работи кои никој друг не ги гледа. Пред неколку месеци видела човек на нејзината страна на креветот.

Мајката на девојчето тврди дека нема причина да не ѝ верува на својата ќерка и дека таа нема доволно години за да има тролку развиена фантазија и да смислува приказни.

 

Извор:   srrecna.republika.rs

Фото: Илустрација / Freepik


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7