ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/23/22 1:53 PM

(видео) Ковачевски и Макрон, а Рама со Мишел и Фон дер Лајен на пат до заедничкото фотографирање

Ако се оди по познатата изрека:„Една слика – илјада зборови“ заклучете сами од галеријата во продолжение. Фотографиите се земени од краткото видео кое го илустрира патот на лидерите на земјите од Западен Балкан и челниците на ЕУ во рамките на Самитот во Брисел. Групата се упатува до местото каде се прави традиционалната заедничка фотографија. Како што може да се види групата ја предводи албанскиот премиер Еди Рама, кој е во разговор со Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел.

Веднаш зад нив се премиерот Димитар Ковачевски, во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, чиј потпис стои зад тнр. „француски предлог“ за пад на бугарското вето. За што ли разговараат?!

Следи српскиот претседател Александар Вичиќ, кој му се придружува на бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков.

Во тие неколку минути некогаш срдечните пријатели Петков и Ковачевски не се во комуникација. По заедничката фотографија, на Ковачевски му приоѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Една слика илјада зборови.

Македонската јавност не очекува ништо ново од овој самит, освен уште едно потврдување на бугарското вето и соочување со претераните националистички барања на нашиот сосед.Иако беше најавена, откажана е прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-Западен Балкан.На прес-конференцијата требаше да говорат францускиот претседател Емануел Макрон, како актуелен претседавач со ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Пред почетокот на Самитот, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека „денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување”. Наместо тоа, на официјалниот сајт на ЕК најавена е заедничката прес конференција на Ковачевски, Рама и Вучиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1