ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/23/22 12:49 PM

Шокантни сцени: Американска пливачка се онесвести и без свест остана на дното на базенот

Американската претставничка во уметничко пливање Анита Алварез се онесвестила за време на натпреварувањето на Светското првенство во Будимпешта и десетина секунди без свест лежеше на дното од базенот, каде се натпреваруваше во финалето на уметничкото пливање.  Нејзиниот тренер Андреа Фуентес, забележала дека Анита скокна во базенот за да ја спаси.

-Бевме многу исплашени. Морав да скокнам бидејќи спасувачите не го сторија тоа“, рече Фуентес. Фуентес, облечена во маица и шорцеви, нурна до дното и ја извлече Алварез на површината пред другите да и’ помогнат и ја извлече онесвестената пливачка покрај работ на базенот.

-Бев исплашена бидејќи видов дека не дише , но сега е добро“, додаде Фуентес.

Пливачката потоа била пренесена во болница. Тренерот Андреа Фуентес е четирикратен олимписки медалист, која објасни дека нејзината пливачка изгубила свест поради напор за време на настапот. -Таа само имаше вода во белите дробови . Откако почна да дише, сè беше во ред“, додаде Фуентес, велејќи дека Алварез денеска ќе одмори, бидејќи веќе утре дека треба да се натпреварува во екипна конкуренција, доколку лекарите и дозволат.

За 25-годишниот Алварез ова е трето Светско првенство, а веќе ја загуби свеста во конкуренција на минатогодишните олимписки квалификации во Барселона.

Вечерњи лист


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1