ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/23/22 12:31 PM

(видео) Ќе има ли корекција на најавените цени на патарините на автопатот Штип – Миладиновци?

Едно невнимание на камионџија ги спаси штипјани и останатите граѓани од трошоци за патарини, чие завршување и ставање во употреба на автопатот Штип – Миладиновци на две места, беа најавени за почетокот на мај. Во делот кај Кадрифаково и втората кај Преод се изградени, но автопатот на овој дел се’ уште е со времено пренасочување. Една од причините е работата на санација на двата поголеми одрони што се појавија на делницата кон Миладиновци. Меѓутоа, друг проблем е и тоа што по секој пообилен дожд, автопатот е полн со наноси од камење и земја, поради што, потребна е дополнителна санација. Ова е проблем, што според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ќе го решаваат професорите од Градежниот факултет.
-Една од работите за кои се заложуваме и работиме, големите проекти да бидат квалитетно изработени и бидат траен бенифит за граѓаните. Од тој аспект работиме на санација, но и работиме преку Градежниот факултет, како дополнително да се испитаат одредени косини и свлечишта. Очекувам автопатот овој автопат комплетно да биде ставен во употреба, изјави Бочварски.
Одамна се познати и цените на патарините – едната, во Преод, ќе чини 50, во Кадрифаково 70 денари. Ова значи наместо сегашните 40 денари, за патарината пред Скопје, корисниците на овој автопат ќе плаќаат по 160 денари во еден правец, односно 320 денари само за патарини на едно одење за Скопје. Дополнително, со високите цени на горивата, патувањето со автомобил станува луксуз, особено за граѓаните што секојдневно одат на работа во главниот град. Сега беа патарини, користењето на заедничкиот такси превоз за еден патник, чини 500 денари во еден правец.
Бочварски појаснува и за патарините.

видео: Благој Бочварски, министер за транспорт и врски
-Електронскиот систем воведен како концепт пред 10 години, наплатата на патните такси е утврден поодамна. Несериозно е на 2-3 – 4 години да се менуваат концептите, затоа што се вложени средства. Електронскиот систем нуди можност за наплата без застанување. Можеме да зборуваме за различни методологии, една или друга цена на патарините, но на крајот за да имаме модерни и безбедни патишта, да градиме нови патишта, да имаме автопати преку 120 километри како што планираме, треба и овие и тие пат да се одржуваат. Темата и дискусиите секогаш се отворени, може да се направи дискусија и методологија од страна на стручните лица, но на крај на денот државата ја носи одлуката, изјави Бочварски.
Во однос на најавените проект за усогласување на плаќањето на патарините за трите земји од Отворен Балкан – Македонија, Србија и Албанија, Бочварски рече дека се работи на усогласување на компјутерски, електронски системи, преку кои и нашите граѓани кога ќе патуваат по Албанија и Србија. Кога би профункционирал овој систем, министерот за транспорт и врски рече дека има детали кои се софтверски, но засега не даваат рокови, бидејќи тоа е еден од следните приоритети за поврзување на граѓаните од трите држави.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1